АВТОБУСИТЕ НА ВОДИЦИ ЌЕ СООБРАЌААТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, ДЕЖУРНИ ЌЕ БИДАТ ТРИ БИЛЕТАРНИЦИ
Ве информираме дека утре, вторник (19.01.2021 год), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред, стои во соопштението на ЈСП.
Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Изменетиот посочен режим е поради верскиот празник Богојалвение (Водици).