Во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, во четврток (8.08.2019 година) и во петок (9.08.2019 година), ЈСП Скопје ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 28 (Тафталиџе 2- Нерези/Македонско село) и 69 (Транспортен центар-Дивље), покрај редовните согласно термините од важечкиот летен возен ред.
Во четврток, (8.08.2019 година), на линијата 28, дополнителен автобус од Тафталиџе 2 ќе сообраќа во терминот од 16 часот, а од Македонско село во 19.30 часот.
Во петок, (9.08.2019 година), дополнителен автобус на линија 28, од Тафталиџе 2 ќе има во 7.50 часот, а од Македонско село во 12.30 часот.
На линија 69, во четврток (8.08.2019 година), дополнителен термин од Транспортен центар ќе има во 5.45 часот и во 15.30 часот, а од Дивље во 6.50 часот и во 20 часот.
Сите вонредни, дополнителни поаѓања се по барање на црковниот одбор на „Св.петка“, односно по барање на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.