ЈСП со важно соопштение за викендов

|

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.

Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Распоредот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).

Поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник (13.06.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст, соопшти ЈСП Скопје.

Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.

Основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари (за еден месец).

За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид.