Денеска времето во државава ќе биде сончево и релативно студено со мала локална облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и студено со максимална температура која ќе се искачи до околу 4 степени.
Потоа од утре па во следните денови, под влијание на јужно и југозападно воздушно струење температурите на воздухот ќе бидат во постепен пораст. Времето ќе биде променливо облачно, со услови за повремен слаб дожд, повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во петок, ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.