Кабелските оператори со протест, прекин во емитување на каналите

ИЗВОРНов лист
|

Кабелските оператори денеска соопштија дека во знак на протест од недела ќе почнат со времени прекини во реемитувањето на телевизиските канали. Како што велат операторите во писмото испратено до Владата, Собранието и неколку амбасади во земјава протестот е поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.

-За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува кон почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба од Влдата- се вели во писмото на кабелските оператори.

Одлуката за прекин во емитувањето на каналите ќе биде на сила сѐ додека не се најде решение за спорните одредби со кои се оневозможува реемитувањето.

Оваа најава за времено исклучување на сите ТВ канали е поради измените на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, што Собранието ги донесе на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.