Каде е, што прави Адријана Кеш ?

|

Заради ситуацијата со кризата многу музичари останаа без своите редовни настапи, па речиси сите се нестрпливи ситуацијата да се смири и повторно да почнат да функционираат како и порано.

Адријана Ацевска објави неколку нови фотографии на Инстаграм од кои можеме да видиме дека таа изгледа одлично.

На една од фотографиите на Инстаграм таа најави дека има незавршена работа, најверојатно алудирајќи на тоа дека полека таа им се враќа на своите настапи по периодот на целокупна општествена криза оваа година.

Од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи може да се забележи дека е доста храбра кога е во прашање модата, и сака да експериментира со најразлични модни комбинации.

Инаку, Адријана Ацевска стана мега популарна со нејзиниот хит „Кеш кеш“ кога и го доби прекарот Адријана Кеш.