Каде исчезна Предлог законот за употреба на македонски јазик?

ИЗВОРТелма
|

Само девет запишани студенти во првиот и вториот уписен рок на Катедрата за македонски јазик е поразителен податок. Македонистите во недоумица каде исчезна Предлог законот за употреба на македонски јазик низ сите процедура на надлежните институции и зошто е спорно неговото донесување, доколку се има предвид дека со овој закон голем број дипломирани македонисти лектори ќе имаат можност за вработување, со тоа ќе се зголеми и интересот на нови студенти за овие студии. Надлежните институции дигаат раменици, префрлајќи си ја вината еден на друг.

Еве последниве две три седмици испитуваат и не можам да го добијам одговорот и едноставно ви кажувам не знам каде е Законот за македонски јазик, каде е заглавен. Ниту пак во која фаза е ? Тогаш кога се подготвуваме многу активно земавме учество сите, вклучително и јас, па отиде на јавна расправа што беше добро, да оди на јавна расправа, да се дискутираат сите елементи и да се види што е тоа што чини од јавната расправа, да се прочисти и да си земе тек- проф.д-р Искра Пановска- Димкова, раководител на Катедрата по македонски јазик.

Доколку се има предвид дека Министерството за култура е предлагач на овој закон тие би требало да ги имаат и причините, вели Пановска- Димкова. Според министерката за култура Костадиновска- Стојчевска фактот дека во меѓувреме започна да се подготвува стратегијата за македонски јазик го пролонгираше донесувањето на овој закон.

Можеби временскиот период, така што можеби кога Законот за употреба на македонскиот јазик требаше да се доработува, веќе започна да се работи Стратегијата за македонски јазик. Се уште ја немаме верзијата за Законот за употреба на македонскиот јазик. Веќе наредната седница на Советот за македонски јазик која е закажана за понеделник прва точка на дневен ред е токму доработка на овој закон, со што побрзо би влегол во собраниска процедура- Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерка за култура.
За професор Пановска- Димкова е несфатливо дека јавната расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик била на 15 јануари 2020-та година, пред речиси три години и се уште нема разрешница.

Советот за македонски јазик во соработка со Министерството за култура во јануари 2020 година изготви верзија на нов Закон за употреба на македонскиот јазик по пристигната јавна дебата пристигнаа многу забелешки претежно од научна и стручна јавност тој Закон беше повлечен на доработување преда да се пушти во редовна постапка за да може да биде изгласан- Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерка за култура.
Тој закон едноставно исчезна. Сега во моментов и како член на Советот за македонски јазик не можам да ви одговорам каде е законот, во која форма е. Дали нешто од јавната дебата е внесено или не е внесено- проф.д-р Искра Пановска- Димкова, раководител на Катедрата по македонски јазик.

Предлог-законот за македонски јазик кој стигна до јавна расправа беше подготвен во 2019 , но не влезе во собраниска процедура поради распуштањето на Собранието, по што следеа вонредните состојби. Во него е предвидено стипендирање на студенти по македонистика во сите три циклуси, како и вработувања и ангажирања на лектори, во сите државни и јавни установи и институции, Владата, Собранието и министерствата, па сè до локалната власт, универзитетите, научните институции, средните и основните училишта и медиумите.

Нина Стефанова