Охрид, Хрватска, Италија се дестинациите на дел од македонските политичари, но сепак поголем дел од нив се уште не одлучиле дали и каде ќе користат летен одмор, како на пример министерот за здраство кој се уште нема планиран годишен одмор, а министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе одмара од 4-ти до 11-ти август, но се уште не знае каде, информираат нивните пијари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе користи неколкудневен одмор со неговото семејство во првата половина на август. Изборот на дестинацијата за овој летен одмор е Хрватска.
Министерот пак, за Информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе се одмара со семејството на плажите во Италија.
Поради преговорите за Законот за СЈО, министерката Рената Дескоска нема да патува надвор од границите на земјава, туку дел од слободните денови ќе ги искористи да отпатува во Охрид.