Каде на летување? Десет занимливости за Средоземното море

ИЗВОРСкопје24
|

Во продолжение откријте некои занимливости кои можеби не сте ги знаеле за Средоземното море, и бидете среќни што во наша близина имаме нешто толку чисто, топло и убаво!

1. Средоземното море, односно Медитеранот, е дел од Атлантскиот океан и има површина од околу 2.5 милиони квадратни километри.

2. Се наоѓа помеѓу Европа на северот, Азија на истокот и Африка на југот.

3. Освен што е поврзано со Атлантскиот океан, Средоземното море е поврзано и со Индискиот океан преку Суецкиот канал и Црвеното море, како и Мраморното море преку Босфор и Дарданели.

4. Средоземното е топло море. Летната температура се искачува и до 30 степени Целзиусови, а зимската ретко паѓа под 15.

5. Во средоземното море има повеќе од 3.000 острови, не сметајќи ги карпите и гребените.

6. Вкупната должина на крајбрежјето на Средоземното море изнесува околу 46 илјади километри.

7. Во државите на Средоземјето (оние кои ги опкружува Средоземното море) спаѓаат дури 22 држави, што значи дека и не е сосема лесно да се освои награда на Медитеранските игри!

8. Просечната длабочина на морето е 1.500 метри, но најдлабоката точка се наоѓа на дури 5.267 метри.

9. Кога би требало целата вода од Средоземното море да се стави во еден сад, би требало тој да биде голем речиси четири милиони кубни километри.

10. Денешното Средоземно море настанало благодарение на големата поплава од Атлантикот пред околу 5.3 милиони години. За ова би требало да бидеме благодарни!