Во 16 часот на Маврови Анови биле измерени 45 сантиметри снег, 40 сантиметри снег има на Попова Шапка, 22 сантиметри се измерени во Пожаране, 21 сантиметар снег има во Крушево (во 13 часот), 14 на Ѓуриште, 10 сантиметри во Гостивар, 9 во Дебар (во 13 часот), 5 во Тетово, 4 во Крива Паланка, 3 сантиемтри во Охрид и Битола, 2 во Прилеп и Берово, 1 сантиметар во Скопје.
Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег кои во ноќните часови ќе престануваат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Утре не очекува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст