Лепа Брена уште од времето на Југославија важеше и важи за една од најубавите и негувани жени во регионов. Во младоста таа мажите ги имаше на својата дланка и не постоеше човек кој барем еднаш не посака да биде во нејзиното присуство.
Таа сега се потсети на некои минати денови, па на Инстаграм сподели стара фотографија со Рако Ѓокиќ.
Пејачката, очигледно, лyдo се забaвyвала, а таа глетка на многумина им измами насмевка на лицето.
Коментари со комплименти за нејзиниот и неговиот изглед се нижea еден по друг.
Синот на тајно ја сними – Eве што прави пејачката кога мисли дека никој не ја гледа
Лепа Брена пред камерите секогаш е средена, а кога ќе се исклучат рефлекторите е обична жена, мајка, сопруга, пријателка…. Нејзиниот син Виктор Живојиновиќ деновиве ја сними во едно сосема опуштено издание.
Имено, Виктор ја сними Брена како седи, а еден детаљ посебно го забележа.
На видео снимката Брена седи замотена во ќебе, а на нозете носи пупичи.
„Што е ова?“ напиша Живојиновиќ.
Викендов пејачката инаку имаше концерт во Бањалука каде што направи хаос. Таа на сцената се појавила во бел фустан со длабоко деколте. Нејзините фанови ја „опсипаа“ со коментари под објавата.
За фолк пејачката Лепа Брена важи правилото – „годините се само бројка“ или она „таа е како виното, колку постара, толку поубава“.