Многу луѓе не можат да си го замислат денот без кафе. Придобивките од кафето се познати, но дали знаете дека можете и да ослабите со помош на омилената напивка?
Како што на сите ни е познато, кафето го забрзува метаболизмот. Доколку истовремено редовно вежбате и здраво се храните, резултатот е загарантиран.
Додајте лажиче цимет во кафето
Според повеќето нутриционисти, црното кафе без додатоци е најдобро, а доколку во него секое утро додавате и малку цимет, покрај што ќе го подобрите вкусот, вашите килограми ќе почнат да се топат.
Една жена го испробала овој метод на себе. Секое утро додавала лажиче цимет во кафето и за еден месец забележала огромна разлика во својата тежина.
Успеала да ослаби 4 килограми, но и да влезе во омилените фармерки од средно училиште.
„Тоа е процес на загревање на телото и тој може да доведе до тоа да согориме повеќе калории. Освен тоа, циметот е природна опција за поттикнување термогенеза и секако е подобар избор од разните суплементи што можат да го направат истото“, објаснуваат нутриционистите.
Испробајте го овој метод и уверете се самите во одличните резултати.