Бидејќи нејзиниот живот моментално е насочен кон Франција, пејачката Каја не крие дека паузира со пејачката кариера, а ретко настапува, но затоа нашла друг вид на заработка – преку социјалните мрежи.
– Вистина е дека во последно време имам неколку спонзорства, од кои имав навистина пристоен финансиски надомест кој ми ги покрива трошоците, но факт е дека не ми беше лесно во последните неколку години. Факт е дека јас не сум некој што премногу се занимава со мојот Инстаграм, па затоа сум сосема задоволна – изјавила Каја.