Кајли Џенер објави дека таа и партнерот Тревис Скот го смениле името на новородениот син кој првично го нарекле Волф.
“Нашиот син повеќе не се вика Волф. Не чувствувавме дека е тој. Сакав да споделам бидејќи гледам насекаде како пишуваат Волф”, напиша Кајли на Инстаграм.
Кајли ја откри промената на името откако нејзиното видео посветено на синот собра повеќе од милион прегледи на YouTube за само неколку часа.
Во видеото Кајли прикажува приватни снимки направени од моментот кога добила позитивен тест до самото породување. Во делото, кое е нешто помалку од десет минути, се појавуваат бремената Кајли, нејзината ќерка Сторми, партнерот Тревис Скот, но и целото семејство Кардашијан-Џенер. Во видеото, Кајли покажува детска соба, луксузен подарок за дете и специјално дрво на кое членовите на семејството ги оставиле своите желби напишани на хартија.