Оваа држава денес не постои па претставува интересна тема во стилот на „што би било, кога би било“.
Една таква анализа направи авторот Џозеф Писенти – Како би изгледала реунифицирана Југославија?
Авторот Џозеф Писенти се поигра со идејата за повторно раѓање на Југославија, анализирајќи ги евентуалните факти кои би ги чинеле ново-старите основи на државата.
Прв проблем на кој наишол е колку држави би ја сочинувале новата Југолавија, шест или седум.
Секако тоа зависи од тоа кого би го прашале, државите кои го признале Косово или државите кои не ја признале некогашната српска покраина.
Не навлегувајќи многу во историјата на распадот на Југославија, тој потсетува дека околу 2,4 отсто од територијата на Босна и Херцеговина се уште лежи на мини, токму поради војната за независност.
Ако Југославија по некое чудо повторно се роди би имала близу 21.412.000 жители, што ја става во 10-те најголеми држави во Европа кога е во прашање популацијата. Југославија би го заземала осмото место, зад Полска и пред Романија.
Познатиот јутјубер потсетува дека новата Југославија би имала помалку жители отколку во 1991 година кога се забележани 23.230.000 жители. Исто така, потсетува дека сите сегашни држави, освен Македонија, имаат негативен природн прираст.
Етнички, Југославија би ја чинеле 35 отсто Срби, 20 отсто Хрвати, 11 отсто Албанци, 9 отсто Бошњаци, осум отсто Словенци, шест отсто Македонци, еден отсто Црногорци и 10 отсто останати.
Религиски, Југославија би ја чинеле 43 отсто православни, 27 отсто католици, 22 отсто муслимани и осум отсто атеисти и други помали верски групи.
Големината на Југославија е колку Велика Британија.
Прашањето е дали модерната Југославија би била членка на ЕУ. Словенија и Хрватска веќе се членки, но останатите држави не се, што дава увид во моменталната развиеност на државите.
Затоа новата Југославија би била со просечна заработка по глава на жител од 18.526 долари. Нормалниот бруто национален производ би бил 191.045.000.000 долари.
Овие цифри Југославија ја прават 53 најголема сила во светот.
Воениот буџет би бил околу 2.200.000 долаши годишно, а во армијата би имало 228.000 припадници, исто како и Велика Британија која има 234.000 војници.
Пет најголеми градови би биле Загреб, Белград, Сараево, Скопје и Љубљана, со тоа што само Загреб и Белград би имале повеќе од милион жители.