Како да ги исчистите дрвените даски за кујна за да изгледаат како нови без непријатен мирис

ИЗВОРНов Лист
|

Дрвените даски секогаш можат да бидат како нови ако ги направите овие неколку чекори.

Измијте веднаш по употреба, така што мирисот и бојата на храната нема да навлегуваат во дрвото.

Измиените даски веднаш ставете ги исправени да се исушат и од време на време нанесете масло за да го нахраните дрвото и да му го вратите сјајот. Во зависност од тоа колку често ги користите, тоа може да биде еднаш месечно или еднаш на два месеци.

Две лажички сода бикарбона и 1 лажичка оцет се доволни за да се измие една даска. За премачкување 1 лажица масло.

Пропрскајте ја даската со оцет, посипете со сода бикарбона, тријте со рацете и оставете да стои најмногу 15 минути. Исплакнете со млака вода. Избришете со хартиена крпа и оставете да се исуши добро. Потоа премачкајте со масло.

Деталите погледнете ги во ВИДЕОТО во прилог: