Како да ги препознаете мажите родени во знакот Лав?

ИЗВОРСкопје24
|

Лавот е владетел во животинскиот свет. Човекот роден во знакот Лав мошне умешно владее со себе, но и со другите. Ако сакате да ги најдете и проучите, одете на фенси местата во градот. Ќе ги препознаете по начинот на живот кој е исполнет со стил и елеганција. Ги мразат мракот и досадата.

Кај нив ќе забележите заповеднички изглед и достоинствено однесување додека ги гледа обичните луѓе околу него. Движењата и говорот не му се пребрзи и се промислени. Тие ретко зборуваат брзо и уште поретко трчаат или одат брзо.

Нема да можете долго да ги игнорирате во друштво, бидејќи секогаш ќе се трудат да бидат во центарот на вниманието. Тоа ќе го направат со своите драматични извјави или настап. Немојте никогаш да им кажете нешто што ќе ги повреди. Тоа ќе го срши нивното големо, топло, но и егоцентрично срце. Најдобро е да им попуштите.

Самоуверен, бучен, доминантен, со детски карактер – ова се некои од карактеристиките на мажите родени во знакот Лав.

Тие се оптимисти, достоинствени и вообразени, амбициозни, а често и мрзеливи личности. Тие се оној знак од хороскопот кој успева да остави личен печат на сѐ што прави.

Мажите родени во овој знак имаат големи амбиции, силен дух, витални се и енергични. Тие се романтични и внимателни кон жените, често и екстраагантни и обожааат да се во центарот на вниманието. Како луѓе, тие сакаат секогаш да имаат публика пред која ќе се покажат во најдобро издание. Тие се шармери кои никогаш нема да дозволат да останат незабележани. Во љубовта се врзуваат за партнери кои имаат многу квалитети – од физичка убавина до грациозност, отменост и образование. Родените во знакот Лав се страствени личности кои не поднесуваат конкуренција и кои се детинесто романтични. Заведуваат со својата директност, топлина и отворен пристап. Искрени се во голема мера и бараат максимална приврзаност од својата партнерка.

Лавот е како создаден да ги оди другите, да владее. Тоа им оди успешно на родените во овој знак бидејќи не ја губат лесно својата самоконтрола, храбри се, физички силни, супериорни, се занимаваат со прашања кои се од општ интерес, државнички работи и секогаш се одговорни на своите позиции. Тие се луѓе кои никогаш не бегаат од обврски, но кои секогаш веруваат дека се компетентни во тоа што го прават.

Лавовите се први во сѐ, добри организатори, а често и моќни актери со отмено држење. Тие се духовити и предадени како пријатели. Се грижат дури и претерано за оние кои им значат – за семејството, децата, родителите и својот дом.