Како да го отклучите телефонот кога ќе ја заборавите шифрата

|

Некогаш внесувавме шифри или PIN код, а денес телефонот можеме да го отклучиме со своето лице, отпечаток од прст или зеницата од окото. Сепак, многу лесно може да се случи да ја заборавите лизинката или PIN-от, посебно ако користите повеќе Android уреди или за време на некој одреден проблем, телефонот да не може да ги вчита вашите биометриски податоци.

За да не морате да го ресетирате и да ги загубите драгоцените податоци или уште полошо, секогаш да ги загубите, ви донесуваме прилично просто решение да го отклучите. Се што ви е потребно е да го инсталирате Android Device Manager, а доколку веќе го имате, потребно е да го активирате.

На компјутерот одете на https://www.google.com/android/devicemanager, внесете ја својата Gmail адреса и нејзината шифра. Кликнете на Sign In. Изберете ја опцијата Lock, внесете нова шифра и повторно кликнете на Lock.