Ако лебот ви е омилен додаток на секој оброк, но се грижите за бројот на калории што ги внесувате, експертите советуваат да го испробате овој трик со кој едноставните јаглехидрати во него се претвораат во поздрави.
Лебот често се обвинува за зголемувањето на телесната тежина, иако во повеќето случаи тоа не е точно, особено ако јадете само неколку парчиња на ден. За најштетен се смета белиот леб, кој е исто така најпродаван вид. Многумина апелираат дека тој не треба да се јаде воопшто затоа што не е ниту здрав за јадење, па се препорачува конзумирање на црн леб.
Ова е поткрепено со фактот дека продажбата на леб се намалила за околу 40 % во последните 30 години, според едно италијанско истражување.
Денес, многумина советуваат да го избегнувате лебот и поради високиот гликемиски индекс.
Трик што го намалува ризикот од здебелување:
Откако ќе купите или ќе направите домашен леб и ќе го испечете, ставете го во замрзнувач. Исто како готвењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Тоа значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве прави подебели.
Лебот е најдобро да се јаде за појадок – Најголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс, тој премногу брзо ослободува енергија, со што се зголемува нивото на шеќер во крвта.
Ова може да придонесе за развој на дијабетес тип 2, па дури и да го забрза развојот на мали*ни заболувања.
Сепак, оние кои немаат семејна историја на дијабетес, не треба да го избегнуваат белиот леб, кој е идеален за појадок затоа што тогаш го забрзува метаболизмот.