Како да го забрзате растот на вашата коса на природен начин?

ИЗВОРНов лист
|

Некогаш се потребни месеци за да забележите дека косата малку пораснала. Кај повеќето луѓе, косата расте 1,5 см секој месец, или 0,35 мм секој ден.

Но, постојат и природни начини да го поттикнете растот.

Погледнете ги овие 6 начини за забрзан раст на косата:

Алое

Преполовете го листот од алое и исцедете го сокот. Тријте ја течноста во кружни движења во коренот на косата. Овој сок ќе навлезе во структурата на косата, подобрувајќи ја циркулацијата на крвта. Доколку е можно, држете го овој сок на главата колку што е можно подолго (од 2 часа до 8 часа), а потоа исплакнете го на вообичаен начин.

Јаболков оцет

По вообичаеното миење на косата, користете јаболков оцет наместо мелем. Не исплакнувајте ја косата, туку оставете го вишокот на течноста да се исуши самостојно.

Белки од јајца

Изматете ги белците од јајцата, а потоа нанесете ја смесата н косата. Ставете ќеса за туширање или капа на главата и оставете ги белците од јајцта да дејствуваат 40 минути. Потоа исплакнете ја косата.

Коњак

Изматете 1 чаша коњак и две јајца. Додадете неколку капки маслиново масло и нанесете сè на косата, почнувајќи од коренот до врвот на косата. Оставете ја маската на околу еден час, а потоа измијте ја и исушете ја косата.

Лимон

Измешајте сок од половина кромид, сок од 1 лимон, жолчки од јајца и лажица маслиново масло. Промешајте сè и загревајте на пареа. Нанесете ја топлата смеса на косата по целата нејзина должина. Исплакнете по еден час.

Цимет

Измешајте 2 лажици цимет со 4 лажици глина. Додадете неколку капки растително масло и нанесете на косата. Оставете околу половина час. Исплакнете со шампон.

Резултатите ќе бидат видливи само по еден месец редовна употреба. Може да нанесувате една од овие маски за коса 2 до 3 пати неделно.