Веруваме дека пред неколку години кога се прикажуваше мултимилионската серија „Сулејман Величествениот“ во Македонија, не постоеше човек што не изгледа барем една епизода. Секако дека највпечатливи беа маестрално одглумените улоги на Сулејман и Хурем султанката, но сосема сигурно, покрај главните ликови, меѓу најзабележаните во култната турска серија беше и Зумбул ага!
Улогата на слугата Зумбул му беше доверена на турскиот глумец Селим Бајрактар, кој навистина беше оригинален и препознатлив по својот стил на глума и изглед, но денес, неколку години после емитувањето на последната епизода, Селим воопшто не изгледа како што го запамтивме во славната серија.
Од првата до последната епизода уживавме во неговите ујдурми, се смеевме на неговите „местенки“, гестикулации кои ги изведуваше кога сакаше да и удоволи на својата господарка, султанијата Хурем. А, денес изгледа фантастично и жените „се луди“ по него. Погледнете: