Ретки се оние кои не сакаат да се освежат со сочна и вкусна лубеница во текот на летните топли денови.
Но, понекогаш изгледа како да е невозможно да одберете сочна, освежителна и вкусна лубеница, освен ако не сте искусен одгледувач.
За среќа, постојат начини да дознаете дали лубеницата е зрела и без да ја пресечете.
Запомнете ги овие трикови за следниот пат да ја одберете најубавата лубеница:
Гледајте ја страната на која лубеницата лежела во земјата
Жолтата дамка ја означува страната на која лубеницата лежела во земјата. Зрелите лубеници секогаш имаат кремасто жолти, па дури и портокалови точки, а не бели.
Гледајте ги линиите
Оваа мрежа од кафеави точки и линии на лубеницата значи дека пчелите ги допирале опрашувачките делови на цветот многупати. Колку повеќе опрашување, толку е поблаго овошјето.
„Машка“ и „женска“ лубеница
Многу луѓе не знаат дека фармерите ги разликуваат лубениците по пол. На пример, „машките“ се поголеми со издолжена форма и со воден вкус. „Женските“ имаат заоблена форма и се многу благи.
Обрнете внимание на големината
Најдобро е да не ја купувате ниту најголемата, ниту најмалата. Бирајте овошје со средна големина. И не заборавајте – без разлика дали е голема или мала, лубеницата треба да тежи сразмерно за својата големина.
Проверете ја „опашката“
Сувата дршка покажува дека лубеницата е зрела. Но, во секој случај, ако дршката е премногу зелена, најверојатно е обрана многу рано и нема да созрее.