Велат дека нема втора шанса за прв впечаток. Говорот на нашето тело испраќа силни пораки за нашиот карактер. Дури и кога не ги изговараме зборовите, ние кажуваме многу за себеси.
Правилно држење
Секогаш трудете се да стоите исправено. Но, не претерувајте, за да не оставите впечаток дека сте здрвени.
Заземете ја правилната поза
Дали сте забележале како стојат суперхероите во филмовите и секогаш изгледаат самоуверено? Не мора да глумите суперхерој во секојдневниот живот, но обидете се да не ги ставате рацете на лицето или околу устата, затоа што тоа остава впечаток дека сте нервозна личност.
Не ги прекрстувајте рацете на гради
Овој потег обично прави да изгледате како да се браните од нешто, обидувајте се да не го правите, особено ако сте во друштво на само еден човек.
Контакт со очи
Човек треба да биде умерен во сѐ, па така и во воспоставување контакт со очи. Ако постојано избегнувате нечиј поглед, ќе оставите впечаток дека не сте заинтересирани, но не е добро ни постојано да гледате некого во очи, речиси без да трепнете, може да делувате малку страшно. Пронајдете го правилниот баланс.
Навалување кон соговорникот
Благото навалување кон соговорникот кажува дека сте заинтересирани за она што го зборува. Но, сепак трудете се да не навлегувате премногу во нивниот личен простор, затоа што тоа е непристојно.
Совет плус:
Некои луѓе се чувствуваат поудобно кога при разговорот држат нешто, како чаша или пенкало. Но, најдобро е да ги држите предметите на висина на колковите. Колку е поблиску предметот до лицето, толку повеќе ќе мислат дека го користите како штит за да се скриете.