Како да препознаете дали навистина купувате црн леб или само обоен

ИЗВОРСкопје24
|

Црниот или ‘ржан леб е популарен меѓу луѓето кои се грижат за своето здравје. Таквиот леб би требало да се произведува од цело пченично или ‘ржано зрно, така што ги задржува сите важни хранливи материи.

При купувањето важно е да обрнете внимание дали црниот или интегрален леб навистина е црн или е само обоен.

Анонимен пекар кој е добро запознаен со боењето на лебот, тврди дека во црниот леб може да се додаде сe`. Од кафе, какао, вештачки бои па до црвено вино. Со оваа метода се служат пекарите кои сакаат да заштедат и да заработат од вас. Еве како да го препознаете вистинскиот црн леб:

Во сад со вода ставете парче од средината на лебот. Ако лебот избели, а водата потемни, значи лебот е обоен. Црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот. Црниот леб не може да биде прозрачен и да биде еластичен. Средината на црниот леб има поситни дупчиња и помал волумен. Мириса поинаку од белиот.

Доколку пак, сакате да бидете најсигурни, направете го највкусното црно лепче дома. Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ: 500 гр црно брашно, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 1/2 свеж квасец и 3 дл млака вода.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Разматете квасец во половина шолја млака вода, со лажичка шеќер и 4 лажички брашно, поклопете и оставете да отстои. Од брашно, сол, подготвен квасец и млака вода замесете тесто, покријте го и оставете околу половина час да се „одмори“. Повторно премесете, обликувајте векна и ставете во намастен плех да стои уште дваесетина минути.
Пред печењето направете неколку „зарези“ по површината на тестото и посипете ја векната со малку брашно. Печете на 200 степени околу 40 минути додека не добие убава румена кора.

Добар апетит!