Природниот мед не е леплив. Тоа значи дека, ако го размачкате со прстите, нема да лепи. А, доколку се лепи, значи дека содржи шеќер или вештачки засладувач.
И пчеларите и потрошувачите се сложуваат дека на пазарот има сè повеќе лажен мед, односно мешавина од мед и разни сирупи, шеќери, засладувачи и ароми.
И додека овие првите знаат да направат разлика, повеќето луѓе можат само да му поверуваат или да не му веруваат на продавачот дека медот е “домашен“.
Еве како да проверите:
Медот може да го тестирате и со помош на вода, така што во неа ќе ставиете една лажица од овој производ. Ако се спушти на дното и остане таму, тоа значи дека со него е сè во ред. Лажниот мед веднаш ќе почне да се меша со водата.
Вистинскиот мед после некое време се кристализира. Ако медот подолго време ви стои на полица, а и понатаму е во течна состојба, значи дека не е вистинскиот.
Ставете малку вата во медот и запалете ја. Ако медот е вистински – ќе гори.
Ставете една капка мед на прстот. Вистинскиот, чист мед, ќе остане на едно место, додека лажниот ќе почне да тече низ прстот.
Загрејте малку мед во микробранова печка на висока температура. Природниот мед ќе се карамелизира, а лажниот ќе биде полн со меурчиња.
Ако правиот мед го ставите пред мравки, тие нема ни да го допрат. Не го сакаат.