Голем број од нас веќе долги години имаат профил на Инстаграм, уште од времето кога не беше толку популарен. Но, навистина би било интересно да се провери која е првата фотка која ја имаме лајкнато на Инстаграм откако го имаме профилот, а сега тоа е можно и тоа со само неколку чекори.
Инстаграм лудилото трае веќе долги години, а тоа најдобро го знаат оние кои својот профил го направиле во далечните 2010, 2011 или 2012 гоидна. Но, ретки се оние кои уште од тогаш го имаат истиот тој профил кој го користат и ден денес, но без оглед на тоа, сеедно може да биде неверојатно интересно да се провери која е првата фотографија на која сме ставиле лајк на Инстаграм откако го имаме профилот. За овој трик дознавме благодарение на ТикТок.
Во интеракциите можеш да добиеш преглед на сите твои активности кои ги имаш направено на Инстаграм, вклучувајќи ги лајковите, коментарите или реакциите на сториња, како и гласањата на анкети. Потоа од сето тоа ќе го одбереш она што сакаш да го видиш, а сигурни сме дека најмногу те интересира која фотка ја имаш лајкнато од својот Инстаграм профил. Затоа треба да ги одбереш лајковите како опција, а потоа ќе ти се прикажат три опции, каде во првата имаш можност да ги филтрираш активностите и таму мора да одбереше дека сакаш да ги видиш лајковите од најстари до најнови. Последниот чекор е да потврдиш и за неколку моменти ќе ти се прикаже првата фотографија која имааш лајкнато на Инстаграм. Сигурни сме дека ќе бидеш шокиран/а исто како што бевме и ние кога го проверивме овој трик!
извор: hashtag.mk