Кога се градат нови автопатишта една од работите што се прават е поставување на патарина и плаќање за користење на одредена дестинација. Патарината во Македонија се плаќа само на автопатаот „Пријателство“ од северната границата со Србија до границата со Грција на југ, и плус на патот од Скопје до Гостивар. Но, со оглед на тоа што во изградба е автопат до Охрид, сигурно е дека и таму ќе постои плаќање на патрина.
Но, можете ли да возите по автопат, а притоа да не платите патарина? Нормално дека може, иако немате во моментот пари со себе, ниту пак друго средство за плаќање. Ова многумина сигурно не го знаат, но како опција постои.
Доколку стигнете со возилото на патарина и едноставно видите дека немате со себе пари, сепак ќе можете да го продолжите патувањето.
Ќе треба само службеникот што работи на патарина да го информирате дека немате како да ја платите патарината. Тој ќе ви ја запише регистерската табличка на возилото и вашите лични податоци. Притоа ќе добиете посебен налог што ќе треба да го платите во рок од 30 дена. Тоа може да го сторите во банка, пошта. Се разбира и вие ќе треба да го потпишете истиот налог као потврда дека навистина сте ја минале патарината, а не сте платиле.
Доколку во овој рок не биде платен налогот што ви бил издаден од страна на шалтерскиот службеник, ќе бидете дадени на извршител кој потоа присилно ќе ви ги зема парите. Се разбира и тој ќе наплати соодветна сума, па наместо „минималецот“ сметката за плаќање ќе биде драстично зголемена.
извор: 24auto.mk