Како до дозвола за престој и работа во Швајцарија

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку сакате да останете во Швајцарија во период подолг од 3 месеци, тогаш ќе ви биде потребна дозвола за престој. Процедурата за аплицирање и издавање на дозволата се врши преку кантонските канцеларии за миграција. Постојат неколку типови на дозвола за престој во Швајцарија:

Дозвола за престој (B)

Странските државјани се странци кои живеат во Швајцарија подолг временски период поради одредена причина со или без добро платена работа. По правило, периодот на валидност на дозволите за престој за државјани од трети земји е ограничен на една година од времето кога дозволата е издадена за прв пат. Дозволите кои се издадени за прв пат заради вработување, може да се издадат само во рамките на горните граници и во согласност со член 20 од Законот за странци.

Дозвола за живеење (C)

По правило, државјаните од трети земји може да извадат дозвола за живеење по 10 годишно редовно и непрекинато живеење во Швајцарија.

Дозвола за краткотраен престој (L)

Државјаните од трети земји може да добијат дозвола за краткотраен престој за престој до една година под услов квотата за бројот на државјани од трети земји кои престојуваат во Швајцарила да не е сè уште пополнета. Сојузниот совет секоја година ја одредува квотата. Периодот на валидност на дозволата е еднаков со траењето на договорот за вработување.

Во некои исклучителни случаи, оваа дозвола може да се продолжи во траење не повеќе од 24 месеци ако сопственикот на дозволата работи за истиот работодавец за целото време. Времето поминато во Швајцарија за основна или напредна обука исто така се смета за краткотраен престој.