Како еден Охриѓанец се спремал за Нова Година: Во неговиот дом пронајдени над 7000 петарди

ИЗВОРСкопје24
|

Екипа на МВР во домот на 31 годишник од Охрид пронајде огромна количина на пиротехнички материјал. Имено, пронајдени се над 7000 парчиња.

Како што се наведува во соопштението на МВР, при претрес во домот на лицето со иницијали А.С. на улицата Ристо Чадо биле пронајдени и одземени околу 7 435 парчиња нелегални пиротехнички средства. Материјалот бил од различни производители.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.