Постојат многу работи кои не ги знаеме за азиската земја Бурнеи, односно малата нација која е сместена на островот Борнео…
Сепак, од друга страна, знаеме дека султанот од Бурнеи е неверојатно богат човек, кој обожува злато, сето она што е најскапо и најексклузивно, како и дека поседува една од најневеројатните колекции на скапоцени автомобили.
Неговиот син, принцот од Брунеи, исто така без многу срам и скромност го претставува своето богатство.
На своите 26 години, неговото кралско височество, принцот Абдул Матин, обожува да споделува фотографии од својот неверојатен живот и авантури, со своите 733.000 следачи на Инстаграм, каде е потпишан едноставно, како Матин.
Тој е еден од петте синови и седумте ќерки кои се деца на владетелот на Брунеи, султанот Хасанал Болкиах. Благодарение на неговиот татко, чие богатство се проценува за 20 милијарди долари, неговиот животен стил уште од самиот почеток бил доста раскошен. Матин ужива да игра поло, да лета со приватни авиони, а многу голем дел од времето по сè изгледа дека го поминува на плажите и во друштво на диви животни. Сепак, после едно негово интервју, младиот принц е опишан како приземен човек кој не сака да се фали со богатството на своето семејство, кој повеќе е заинтересиран за едноставен живот, за работи кои го исполнуваат, и кој сака времето да го поминува со семејството и пријателите и други едноставни работи кои му прават задоволство.
Од друга страна, неговиот живот не делува нималку обично, особено ако малку подлабоко го истражите неговиот Инстаграм профил.
Погледнете ја нашата галерија, за да сфатите за што всушност станува збор.