Последниот месец од годината и првиот месец од зимата носи можност за промени, за нови познанства и деловни успеси како и финансиски предизвици. Декември е исто така и идеално време да им се посветиме најмногу на оние што ги сакаме. Во продолжение прочитајте што ве очекува во декември според вашиот хороскопски знак.
Овен
Во последниот месец од оваа година сè повеќе ќе размислувате за смислата на животот. На професионален план, монотоната работа ќе ве измори, а можеби ќе треба да се справите и со проблеми кои долго време ги одложувате. Обидете се да ги завршите сите обврски без да се откажете на половина пат. На личен план, можна е романса на работа. Венера ќе ви помогне да привлечете луѓе во вашиот живот кои ќе ви помогнат да го постигнете она што посакувате. Здравјето ќе ве служи, но сепак внимавајте на крвниот притисок.
Бик
Ќе добиете шанса да ги покажете своите способности во декември. Внимавајте со вашите финансии, постои можност за измама. Овој месец е време да ги анализирате своите деловни односи и да одлучите кому ќе му верувате. Не занемарувајте ја вашата интуиција. Таа ќе ви помогне да дојдете до тајни информации кои ќе ви помогнат да напредувате во кариерата. За слободните Бикови постои можност при патувањето да запознаат некој кој ќе добие важна улога во нивниот живот. Биковите кои се во врска ќе имаат можност да ги зацврстат љубовните односи. Одбегнувајте физичко и емоционално преоптоварување што лесно може да доведе до нарушување на имунитетот.
Близнаци
Фокусирајте се на зајакнување на односите со партнерот и градењето деловни односи. Бидете храбри и покажете иницијатива за да ги изразите вашите идеи, а тоа ќе ви донесе поголем кредибилитет во очите на другите. Сепак, внимавајте на финансиите – примамливите понуди можат сериозно да му наштетат на вашиот буџет. Доколку сте во врска, не треба да планирате венчавка или свршувачка во декември, но доколку сте слободни, најверојатно ќе доживеете судбоносна средба. Во однос на здравјето, можни се болки во грбот и мигрена.
Рак
За да ја зацврстите својата професионална позиција, не треба да заземете став на набљудување, туку целосно да се вклучите во работниот процес. Имате добри шанси да најдете дополнителен извор на приход. Во овој период не е препорачливо да позајмувате кредити. Доколку сте слободни, ве очекуваат интересни средби, па затоа обратете внимание не само на изгледот туку и на заедничките интереси. Конфликтите со партнерот можат да се избегнат преку меѓусебен компромис. Во однос на здравјето, изложени сте на двојно поголем ризик да добиете изгореници.
Лав
За вас декември ќе биде успешен во сите сфери од вашиот живот, а среќата ќе ве следи на секој чекор. Имате шанса да победите на лотарија. На работа потпирајте се единствено на себе и на својот потенцијал без да очекувате помош однадвор. Не носете импулсивни одлуки, особено кога станува збор за пари. Декември ќе ви биде исполнет со нови познанства кои ќе ви помогнат да ја зајакнете финансиската положба и статусот во општеството. Слободните Лавови ќе доживеат романса на работа, а оние кои се во врска треба да работат повеќе за подобрување на односите. Се препорачува физичка активност за подобрување на имунитетот.
Девица
Ве очекува продуктивен и забавен месец. На работа нема да ви биде здодевно затоа што ќе бидете полни со идеи, но не споделувајте ги со колегите бидејќи многумина од нив чекаат момент да ги присвојат вашите постигнувања. Што се однесува до вашите финансии, има големи шанси да дојдете до дополнителен извор на приходи, но можеби и да добиете на лотарија. Посветете повеќе внимание на семејството и пријателите, но и на вашиот дом – ова е добар момент за реновирање и поправка. Слободните Девици ги очекува романса, но избегнувајте несериозни врски – ќе ви донесат разочарување. Зголемен е ризикот од настинка.
Вага
Фокусот ќе ви биде на домашните и семејните проблеми, а можеби и подалечните роднини ќе ви се обратат за некаква помош. Не треба да започнувате сериозни деловни проекти во текот на декември бидејќи приватните проблеми ќе ви го отежнат концентрирањето на работните задачи. На крајот на годината ве очекува прилив на пари. Слободните Ваги ќе уживаат во нивната осаменост и мир, додека за оние кои се подолго време во врска ова ќе биде идеалниот период за свадба. Обратете внимание на гастроинтестиналниот тракт.
Скорпија
Декември е вашиот среќен месец бидејќи имате големи шанси да ја подобрите својата материјална благосостојба, било на постоечкото или на новото работно место, под услов правилно да ги поставите своите цели и приоритети. Не бидете целосно искрени со колегите, нивната завист може да се сврти против вас. Бидете внимателни во комуникацијата. За оние кои се во врска, ова е идеалниот момент за заживување на страста. Слободните Скорпии треба повеќе внимание да обратат на околината – можеби токму таму се наоѓа нивната нова љубов. За да избегнете исцрпеност не заборавајте и да се одморите.
Стрелец
Во последниот месец од годината ќе успеете да ги реализирате своите замисли само доколку јасно ги дефинирате своите цели. На работа држете се настрана од интриги и озборувања. Овој месец ќе бидете особено продуктивни, но внимавајте да не паднете во финансиска замка – мудро инвестирајте. Доколку сте во врска, ве очекува период на криза, конфликти и несогласувања. Слободните Стрелци кои сакаат да ја запознаат својата сродна душа не треба да ги игнорираат поканите за разни настани. Пазете се од вирусни заболувања.
Јарец
Работата што ја започнавте ќе ја завршите во декември. Новата година ви носи уште поголеми можности, важно е само соодветно да се подготвите за нив. Работното опкружување ќе биде тензично во првата половина од месецот, затоа не започнувајте нови проекти. Иако финансиската состојба е стабилна, крајот на месецот е погоден за промена на работното место или барање дополнителен извор на приход. Во овој период, Јарците во врска ќе имаат љубоморни испади и ќе поставуваат нереални барања од партнерот. Слободните Јарци пак, ќе бидат во центарот на вниманието со многу додворувачи! Грижете се за вашето ментално здравје.
Водолија
Обратете внимание на вашите недовршени проекти. Правилно поставете ги вашите цели и приоритети и држете ги вашите планови подалеку од колегите. Ќе почнете да размислувате за одмор. Слободните Водолии ќе почувствуваат желба да си го посветат времето на себеси, додека оние кои тукушто зачекориле во врска не треба да прават долгорочни планови. Водолиите во стабилна врска пак, треба да ги држат своите емоции под контрола и да не предизвикуваат скандали со неоснована љубомора. Можно е да дознаете некаква тајна за вашиот партнер. Овој период не занемарувајте го вашиот имунитет.
Риби
Ќе ви бидат отворени нови хоризонти на професионален план со тоа што ќе се трудите максимално да ги покажете своите квалитети и да постигнете успех, без разлика дали се работи за сегашното работно место или за нова можност. Ќе ве следи деловната среќа, но земете ги предвид трошоците. Искористете ги новите познанства! Оние од вас кои се во врска треба да му посветат повеќе внимание на партнерот, но и на семејството и на пријателите. Слаба точка ви се стомачните и грбните мускули, па затоа се препорачуваат вежби со умерен интензитет.