Како лик од жешкиот белградски асфалт од 90-ите: Ќе погодите ли кое е ова денес многу познато македонско момче?

|

Нешто што можевме да го видиме деновиве на социјалните мрежи е предизвикот да се покаже како сме изгледале пред една деценија.

Многу јавни личности го прифатија истиот па покажаа преку фотографија како изгледале во 2009 година и сега 2019 година.

Еден од нив беше и Дарко Спејко познат по учеството во реалното шоу „Големиот брат“.

На прв поглед тешко дека некогаш ќе ви текне дека е токму тој.

Сега, Спејко е момче кое заплива и во модните води. А, особено познат стана и по љубовната врска со модната блогерка Љупка Митрова, инаку мајка на две ќерки.

Социјалните мрежи постојано се преплавени со фотографии од среќниот пар кои мораме да признаеме си одговараат совршено.

Вистина.мк