Фритезата е еден од апаратите кои редовно се мастат поради тоа што постојано се потооува во масло за јадење, па затоа треба редовно да се чисти. Искусните домаќинки открија трик како лесно можеме да го исчистиме овој уред.
Вообичаено се користи големо количество масло за приготвување на храната во фритеза, што може да ве наведе да помислите дека нејзиното чистење е ноќна мора. Токму поради тоа што храната заедно со фритезата се потопува во врело масло истата мора да биде чиста за бактериите да не се залепат на храната. Не очајувајте, за да ја исчистите сепак, треба само да ги следите овие чекори.
1.Исклучете ја фритезата. 2.Проверете дали маслото е целосно ладно. 3.Завиткајте ги каблите со крпа или салфетки.
Сега кога ги презедовте сите неопходни мерки, време е за чистење. Фрлете го маслото од фритезата, а потоа отстранете ја решетката. Ставете една шолја алкохолен оцет, половина чаша вода и две лажици течност за миење садови во шише со распрскувач.
Решетката и внатрешноста на фритезата посипете ги со сода бикарбона, па попрскајте со домашниот производ што сте го направиле. Се прелива со топла вода и се остава 30 минути.
После тоа, исцедете ја водата, па со сунѓер изгребете ја внатрешноста и исчистете ја мрежата со жица или со нож. Исплакнете сè со чист сунѓер и млака вода. Резултатот ќе ве воодушеви, а фритезата ќе биде веднаш подготвена за употреба.