КАКО ОБЛЕКАТА ДА НЕ СЕ ГУЖВА ПРИ ПЕРЕЊЕТО?

|

Ниту најдобрите машини за перење алишта не гарантираат дека алиштата секогаш ќе бидат исти и добро исперени, ниту пак дека ќе ги извадите совршено чисти, миризливи и меки, иако го имате најдобриот можен омекнувач.

Облеката се гужва, остануваат дамки од пудра и резултатот често не е одличен. Сето тоа може да се избегне ако вметнете 2-3 топчиња обична алуминиумска фолија во машината!

Алуминиумската фолија го елиминира статичкиот електрицитет, што е многу важно при перење алишта, особено за синтетички ткаенини. Таквите материјали предизвикуваат електрицитет, а алуминиумот го „впива“ и прави алиштата подобро да се исперат.

Алуминиумска фолија може да се користи и во машината за сушење бидејќи со отстранување на статичкиот електрицитет го забрзува сушењето на алиштата, кои поради триењето на ткаенината едно против друго разменуваат електрони. Ваквата облека помалку ќе се изгужва при перење, а со текот на времето ќе забележите дека ви треба помалку детергент или прашок за перење.