Порано беше доволно да се измие овошјето под млаз вода. Сепак, работите драстично се променија низ годините затоа што сите градинарски производи се прскаат со хемикалии со цел да се заштитат од инсекти и да изгледаат поубаво.
Поради тоа и сега јагодите, но и другите купени овошја мораме да ги миеме подолго, подобро, а често е потребно да се направи и еден вид дето*сикација. Сода бикарбоната може да ни помогне во тоа.
Како да ги измиете јагодите со сода бикарбона?
Потопете ги јагодите во сад со вода, а потоа ставете една до две лажички сода бикарбона одозгора. Потоа измешајте со раце за содата да биде рамномерно распоредена низ јагодите.
Оставете го да отстои половина час, а потоа повторно измијте ги јагодите и потопете ги малку во вода. После тоа, можете уште еднаш да ги измиете јагодите под млаз вода и овошјето е подготвено за употреба.
Зошто е важно добро да се мијат сите плодови?
То*сините можат да бидат многу штетни доколку не се измијат добро од храната. Тие се акумулираат во телото и многу тешко се чистат од него, а кога ќе се наталожат во организмот можат да предизвикаат автои муни болести, но и хро нични болести, како што предупредува Светската здравствена организација.
Освен сода бикарбона, и ал*охолниот оцет се покажал како одличен за чистење на овошјето од то*сини, бидејќи со голема брзина ги уништува сите штетни микроби на овошјето. Поради својот состав, сода бикарбоната е добро средство за вадење на штетни то*сини од овошјето.
Овошјето прво се остава во оцет дваесетина минути, по што може малку да се исплакне и да се остави во мешавина од сода бикарбона и вода. Ова е најдобриот начин да бидете сигурни дека она што го внесувате во вашето тело е безбедно.