Обично на бананите, но често и на другите овошки и зеленчуци, налепниците на кората се нешто што повеќето луѓе дури и не го забележуваат. Дури и ако ги забележите, ретко кој знае што значи напишаното на нив.
Но, тие не се таму случајно. Покрај името на производителот, декларацијата треба да содржи и број што открива важни информации за начинот на одгледување на овошјето. Ова е значењето на броевите напишани на налепниците:
Налепница со 4 броеви
За овошјето кое има декларација со 4 броеви кои почнуваат со бројот 3 или 4, значи дека тоа било одгледувано со вештачки ѓубрива, односно според земјоделските прописи што се на сила последните 50 години. На пример, ваквите лимони се нумерираат 4033, додека бананите го носат бројот 4011.
Налепница со 5 броеви
Ако овошјето нема 4 броја, туку 5 – од кои прв е бројот 9, тоа укажува дека овошјето е органско. Ваквата декларација е гаранција за одгледување без ѓубрива. На пример, органски одгледуваните банани го носат бројот 94011.
Ако првата бројка на декларацијата е 8
Ова е можеби најспорната декларација и укажува на тоа дека се работи за плодови кои се генетски модифицирани и шифрата им е со 5 броја, од кои првиот секогаш е бројот 8. На пример, ваквите банани го носат бројот 84011.
Што гарантира „еко“ декларацијата?
Со цел овошјето и зеленчукот да бидат означени како „еко“, треба да бидат исполнети и условите во врска со складирање и транспорт на плодовите. Така, за разлика од конвенционалното овошје и зеленчук, овие плодови не смеат да се прскаат или да се подложува на какви било процеси што вештачки го продолжуваат рокот на траење на производите.
Постои разлика помеѓу органските и природните производи. За разлика од органските, тие не се сертифицирани и нивното производство не се контролира систематски, а нема информации ниту за употребата на конзерванси за одржување на производите.