Од пред неколку недели стапи во сила мерката за штедење на струја, подари недостаток на истата и поради економската криза која го зафати светот и Македонија.
Од Влада излегоа со повеќе мерки за тоа како може да се заштеди на струја, но не е на одмет уште некој плис домаќински трик кој секој би можел да го искористи и да си ја намали сметката.
Покрај бојлерот и апаратите за затоплување во домот, и машината за перење алишта може да биде голем потрошувач на електрична енергија, а за тоа да не сте ниту свесни.
Ако сакате да заштедите струја оваа зима, прескокнете ја програмата за предперење. Таа е потребна само ако облеката е исклучително валкана, што ретко се случува преку носење.
Сепак, ако облеката е поприлично валкана, намокрете ја во вода ден пред да ја перете, што е подобро отколку да трошите струја за предперење.
Вриење на превисока температура не е потребно. Од 95 степени можете да намалите на 60. Имено, повеќето алергени угинуваат на температури од 60 степени, па вриењето на повисоки температури не е потребно, а заштедата е и до 50%.
Потоа, перете ја облеката само кога имате доволно за да го наполните барабанот. Немојте да вклучувате полупразна машина бидејќи така сте во загуба.
Ако времето е суво, немојте да користите машина за сушење алишта, туку истите обесете ги на тераса. Сушењето алишта на жица штеди струја, но и ја чува облеката бидејќи сушењето во машина ги оштетува и откинува влакненцата на одредени алишта.