Како се прави највкусниот ориз: Трикот е во две едноставни намирници кои ги имате во кујна

|

Време е за ручек, па доколку сакате да направите ориз кој ќе ви успее при првиот обид, ова е рецептот за вас.

СОСТОЈКИ: парче путер, 3 чешниња лук, 1 шолја ориз, 1 шолја млеко и 1 шолја вода.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Ставете го путерот да се пржи, па веднаш додадете го сечканиот лук и оризот. Пропржете кратко додека путерот убаво не се растопи, па додадете гг млекото и водата. Покријте и гответе додека течноста не испари. Зачинете го оризот по желба, а кога ќе биде готов посипете го со сечкан свеж магдонос.

Можете да го послужите со зеленчук на скара, но и со ќофтиња. Добар апетит!