Пејачката многумина воодушеви со својата приземјеност.
Популарната пејачка Лепа Брена отпатува во Мадрид, главниот град на Шпанија, а многумина одушеви со начинот на кој таму се однесува.
Имено, таа направи селфи во градски превоз. Брена релаксирано се возела со автобус и се фотографирала, а потоа својата слика ја споделила и на Инстаграм.
Со ова покажа дека се однесува сосема нормално и приземјено, како целиот нормален свет.
Инаку, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ важат за еден од најскладните бракови на српската естрада.
И додека на почетокот, во медиумите ги разведуваа тие се заедно повеќе од 30 години.
Периодов се многу радосни бидејќи синот на Боба од првиот брак, Филип Живојиновиќ доби син, а Боба стана дедо.
Иако често во меидумите се пишуваше дека сегашната сопруга на Лепа Брена и неговата бивша Зорица, не се во добри односи, тие не се огласуваа по овие пишувања.
Дека тоа не е точно и потврдува најновата фотографија. Имено, Брена и Боба моментално се во Мадрид, а таму излегоа на вечера со Зорица Накиќ и нејзиниот сегашен сопруг Иван Накиќ.
„Фамилијарно“ напиша Брена во описот на фотографијата.