Како трошите пари? Тоа открива каква личност сте и за што сте загрижени

|

Некои со трошењето ја лекуваат менталната болка не грижејќи се дека трошат повеќе отколку што заработиле или финансиите ги доживуваат како игра, а инвестирањето како голема возбуда од која се зависни.

Парите – нужно зло или единствениот смисол на животот.

Некои луѓе се опседнати со нив и срцето ги боли ако мора да потрошат од своето купче.

Ова се пет типови луѓе, ако го гледаме нивниот однос кон парите:

Голем потрошувач

Ако сакате да одите на шопинг и да потрошите пари за себе и за другите во оваа категорија сте. Големиот потрошувач нема проблем да ги извади парите или картичката ако неговата набавка за него е исправна. Вие гледате на парите како на возило кое вам и на другите ќе ви донесе задоволство.

Уживате во животот и во она што тој ви го нуди. Ви се случува и да потрошите премногу за она што не ви е потребно ако сте тажни или ви е досадно. Некои од големите потрошувачи, можат да бидат зависни и од купувањето и не размислуваат за тоа колку пари имаат на располагање.

Скржавец

Таквите луѓе сакаат да заштедат пари по секоја цена. Ако сте во таа категорија, најверојатно внимателно ја следите секоја монета која излегува од вашиот паричник. Вие сте внимателни со финансиите и секогаш имате заштеда за “црни денови”.

Луѓето како вас немаат проблем со долговите, а ако земаат кредит, внимаваат да е многу поволен. Во вас има страв дека без оглед на тоа колку и да штедите, никогаш не е доволно.

Тоа значи дека себеси и на вашите блиски им го ускратувате она што го сакате, па дури и она што ви е потребно. Секогаш внимавате при купување да поминете колку што е можно поповолно, дури и ако тоа значи поминување на повеќе продавници или места каде што ќе ги плаќате сметките. Повеќе сакате да губите време отколку пари.

Зависник од возбуда

Таквите луѓе на некој начин уживаат во неизвесноста. Ако сакате да инвестирате во нешто, како што се бизнис или куќа на море, а тоа значи дека секој ден ќе јадете супа од кесичка, бидејќи нема да имате за нешто друго, тогаш сте зависник од возбудата која носи поигрување со парите.

Вие гледате на финансиите како на игра во која можете да победите или да изгубите, односно размислувате како претприемач. За вас секој ден е нова авантура, сакате да ризикувате, дури и ако сте свесни дека можете да изгубите многу пари.

Жедни за безбедност

Таквите луѓе постојано ја проверуваат финансиската состојба. Значи, ако се препознавате, тоа значи дека сте жедни за безбедност која ја нудат парите.

Не ви е тешко да потрошите пари како скржавец, но земате доволно време да размислите за она што купувате и да ги споредите цените, особено ако се работи за голема купвачка.

Многу е важно да имате фонд за кризни денови. Со ваков вид размислување најверојатно нема да се најдете во финансиски проблеми, но би можеле да станете опседнати со постојаната проверка на финансиската состојба.

coin in money jar

Идеалист

Овој тип на луѓе смета дека парите и потрошувачката се причина за многу проблеми во светот. Ако сте такви, тоа значи дека сте веројатно креативни, а парите се неопходно зло во животот и немаат приоритет.

Настојувате да ги занемарите финансиите и да се справите со нив само накратко, ако е потребно, како, на пример, при собирање и плаќање на сметките. Тоа ќе го направите брзо и ќе се вратите на својата радост.

Знаете како да уживате во малите нешта во животот, како што се зајдисонце или гледање некој добар филм и не размислувате дека парите можат да послужат за многу убави работи во животот. Овој начин на размислување лесно може да ве одведе во финансиски проблеми, пишува Payoff.