Знате како белите патики се блескави и сјајни кога ги купувате, а набрзо посивуваат и стануваат валкани? И како и да ги исчистите никако повторно да обелат како на почетокот?
Еве како да се ослободите од тој проблем и повторно да имате сјајно бели патики!
Потребни ви се: сода бикарбоа, течен хидроген пероксид, детергент за садови, четкичка (најдобро е да земете стара четкичка за заби), отстранувач на лак за нокти и малку памук.
Во сад помешајте пет лажици сода бикарбона и додадете шолјичка вода, па измешајте. Додадете две лажички од детергентот за садови, па повторно измешајте, патоа додадете две лажици хидроген пероксид и повторно промешајте.
Во оваа мешавина потопете ја четкичката, со која потоа ќе ги изрибате патиките. На крајот, со брисач соберете го вишокот од патиките.
На памук нанесете малку од отстранувачот на лак и исчистете ги бочните страни од ѓонот, и ќе видите како вашите патики повторно ќе изгледаат како нови!