Си купувате јадење и се враќате во канцеларија да го изедете пред компјутер? Во продолжение ви кажуваме неколку начини да се откажете од лошата навика на некористење пауза:
Немојте да ручате на биро
Одвикнете се од јадењето и работењето во исто време. Одвојте барем 10 минути и тргнете се од работното биро.
Секогаш бирајте здрав оброк
За да останете продуктивни на работа, важно е и што ќе јадете. Време е да престанете со брзата храна. Најдобро е ако можете да си подготвите кутија со оброк од дома.
Изберете дали ќе јадете во друштво или не
Ако сте личност која сака да си одвои време за себе можеби е подобро паузата да си ја посветите себеси. Јадете во мир за да се наполните со енергија. Доколку пак, сакате разговор и дружење со луѓето излезете со колегите, ручајте, изнамуабетете се и вратете се подготвени за работа.
Излезете надвор и прошетајте
Дури и ако си носите јадење од дома или ако е нешто што сметате дека брзо ќе го изедете, сепак одвојте време да излезете надвор, дури и само да прошетате ако не јадете.
Ставете го телефонот на нечујно
Кога сте на пауза за ручек обидете се да го ставите телефонот на нечујно и да си дадете време за потребниот рестарт.