Како во теленовела: Елена Велевска се разведува, па не се разведува – пејачката конечно ја обелодени вистината

|

Елена Велевска во последните неколку месеци беше постојано во центарот на вниманието на јавноста.

Имено, пејачката пред некое време објави дека се разведува со својот сопруг Марјан и дека на нивниот брак дошол крај, па одлучиле дека тоа е најдобро за нив и нивните деца.

Во тој период таа преку Фејсбук статус објави дека се разведува и дека поднела бракоразводна парница.

Не помина многу време кога фолкерката се предомисли и одлучи да го повлече барањето за разводот и со Марјан да си дадат друга шанса.

-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање, изјави Елена за „Фокус“.

Во медиумите се појавија и вести дека наводно и Елена има ново момче, а таа сега пред камерите на „Бекстејџ“ отворено прозбори дали навистина се разведува и дали има нова љубовна врска.

„Ново момче сигурно нема. Не сме разведени и не знаеме што животот носи, не сакам да коментирам што ќе биде и како ќе биде. Ако кажам дека нешто ќе биде подоцна можеби и нема да се случи. Бевме во јуни месец на фамилијарен одмор, сега повторно ќе одиме на 13 август заедно со децата“ вели Велевска за „Бекстејџ“.

Сепак, изгледа пејачката и нејзиниот сопруг нашле заеднички јазик, а на бракот му дале втора шанса.

За потсетување, Велевска како причина која ја наведе за разводот со Марјан беше физичко насилство. А бидејќи од насилство и развод нема ништо, а од одмор ќе има, останува да ги следиме активностите на македонската фолекрка.