Како за малку пари да украсите елка од соништата? Потребни ви се само ТРИ РАБОТИ

ИЗВОРНов Лист
|

Новогодишните украси за празниците годинава се поскапи од досега, но сепак може да се купи и украси елка за малку пари.

Иако кинеските продавници, пазари и уличните продавачи се сметаа за најекономична опција кога станува збор за купување украси, цените годинава скокнаа исто како и минатата сезона.

Со малку имагинација и креативност е можно да се украси елка за малку пари.

Доколку веќе имате вештачка елка од порано, треба само да додадете малку „живот“ и да ја накитите сами.

Се што ви треба е спреј за вештачки снег, светилки и украсна лента во бојата што ја сакате.

За разубавување на елка со средна големина потребни се две ролни, три прскања вештачки снег и две пакувања светилки.

Попрскајте ги гранките со вештачки снег и почекајте неколку часа да се исуши.

Ставете светилки на елката, а потоа започнете со украсување – од украсните ленти можете да направите панделки за украсување на елката.