Како живеат албанските мафијашки банди: Пари, злато, шампањ… Ние сме цареви на Лондон, никој не ни може ништо

ИЗВОРСкопје24
|

Припадниците на албанските нарко-банди, кои ја преплавиле Британија со кока*н, се пофалиле на Инстаграм со своето оружје, парите и луксузните автомобили.

Бандата Хелбанијанз, чие седиште е во Баркинг, на истокот на Лондон, секоја година од продажбата на др*га заработува милиони фунти.

Меѓутоа, наместо да се кријат во подземјето, тие се рекламираат по социјалните мрежи и имаат речиси 100.000 фанови.

Оваа албанска банда е “пресретната” во 2016. година, по големата полициска акција во која била запленета др*га вредна шест милиони фунти.

Тројца лидери биле осудени на вкупно 42 години затвор.

Меѓутоа, тоа воопшто не влијало на моќниот албански нарко-картел, кој продолжил да продава др*га по цела Британија.

Албанците вчера поставиле серија нови фотографии на Инстаграм со порака од типот “се обидувам да го потрошам сето ова”.

“Брда” пари, шампањи, бесни автомобили и тетовирани криминалци се гледаат на повеќе од 8.000 фотографии, пренесува “Daily Mail”.

Поставиле дури и видео-снимки од своите осудени припадници, како во затворите рапуваат за пукање и пресметки.

На една фотографија дури и се гледа мало дете како носи медалјон со симболот на таа банда.

Албанските нарко-дилери се фалат дека го држат Лондон “под контрола” и дека се подготвени за војна со ривалските банди.

“Хелбанијанз се подготвени за насилство…Го контролираме Лондон”, се наведува во спотот.