Карлеуша ја откри својата тајна врска со облекувањето

ИЗВОРНов Лист
|

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша воодушеви со својот стајлинг на гласањето на 3 април, а сега со хит порака го прокоментира своето чувство за мода.

Кога се појави на гласање, никој не можеше да го одвои погледот од пејачката која од глава до пети изгледаше беспрекорно, а многумина нејзиното издание го споредија со гламурот и стилот на првите дами.

Јелена сега го коментираше своето чувство за мода, наведувајќи дека тоа варира.

– Денеска сум  ХХХ … Утре сум Меланија – напиша Јелена на Инстаграм

Да потсетиме, Јелена беше од глава до пети во бела комбинација, а на лицето имаше мрежа која беше дел од уникатен шешир.