Јануари Дамите родени во јануари се сериозни и конзервативни, но и многу амбициозни. Но, многу сакаат да критикуваат. Ретко може некој да ги извади од кожа, ама кога тоа ќе се случи, подобро е да не сте им пред очи. Не сакаат да ги покажуваат чувствата, па не очекувајте прегратки и бакнежи на дневна основа. Дозволуваат да им се приближат личности со исто интелектуално ниво и слични погледи кон светот.
Февруари Овие жени имаат апстрактни размислувања, но сепак секој може да ги разбере. Често го менуваат расположението, што значи дека треба да бидете многу трпеливи со нив. Инаку се многу романтични и за саканиот човек се подготвени да направат буквално се. И за тоа очекуваат да им биде вратено со иста мера. Од друга страна, оние кои ќе ги предадат – нема веќе никогаш да ги видат!
Март Овие жени се многу симпатични, додека некој не ги разлути. Тогаш се спремни да ги направат „парче“ сите пред себе. Посветени се и верни, но тешко се вљубуваат. Пред нив не поминуваат лесно триковите на мажите, како кај останатите жени.
Април Овие жени се дипломати. Со нив лесно се разговара, иако понекогаш знаат да претераат со само-сожалувањето и да зборуваат само за своите проблеми. Токму затоа бараат и големо внимание и посветеност. Овие жени се многу љубоморни по природа, но ако го сретне вистинскиот маж, тогаш ќе го направи најсреќниот човек на светот.
Мај Родените во мај се многу верни и достојни на своите принципи. Овие дами се многу убави, во физичка смисла. Но во комбинација со тежок карактер, стануваат опасни за секој маж кој ќе се вљуби во нив. Затоа остануваат запамтени до крајот на животот.
Јуни Многу љубопитни и комуникативни. Само што некогаш многу зборуваат и поради тоа и не можат да чуваат тајни. Во љубовта знаат да бидат многу опасни играчи. Мажите им се како пластелин во рацете.
Јули Овие девојки се многу мистериозни. Не дозволуваат било кој да им се приближи. Многу се скромни и ретко ќе ги видите да се фалат. Не сакаат конфликти и се љубезни кон сите. Најголема грешка ќе биде доколку ја изневерите, бидејќи ќе ја загубите засекогаш.
Август Уникатна комбинација на големо срце и … егоизам! Не си играјте со оваа девојка, бидејќи порано или подоцна ќе ве победи. Заштитен знак и е неверојатната смисла за хумор и тоа што сака да биде во центар на вниманието.
Септември Тие се мили, дисциплинирани и кротки девојки. Но, никогаш нема да им простат на оние кои ќе ги разочараат. Овие девојки ги сакаат долгите врски, а од друга страна имаат многу барања кои очекуваат партнерот да им ги оствари. Умот не им дозволува да прават грешки, дури и кога срцето им вели друго.
Октомври Девојките, родени во октомври, имаат железен карактер, демонстрираат сила и независност. Но, од друга страна се многу емотивни. Ретко плачат пред други, но кога се сами – си ја отвараат душата која ја кријат од светот. Тие се премногу интелигентни и знаат дека доколку ја разголиш душата пред сите, некој тоа ќе знае да го злоупотреби. Овие жени со својот шарм можат да го покорат и најсилниот маж на светот. Затоа жените им љубоморат, заради тоа што им завидуваат.
Ноември Овие девојки се секогаш еден чекор напред пред другите. Знаат да ја препознаат лагата „од километар“! Не можеш, а и не треба да си играш со овие жени, бидејќи ќе го извлечеш „подебелиот“ крај. Доколку не сте подготвени да ја чуете вистината – не ги прашувајте за мислење!
Декември Нетрпеливи, брзоплети, но сепак родени со голема среќа. Скоро секогаш успеваат да излезат како победници од секоја ситуација. Со нив секогаш е забавно и знаат како да ви го кренат расположението