Каква мајка, таква ќерка: Тамара е копија на Ирена Спасовска (ФОТО)

|

Македонската фолкерка Ирена Спасовска откако комплетно „сврте нов лист“ во животот и на приватен и на професионален план, е се поактивна. Во последен период повторно беше во центарот на вниманието на јавноста поради изјавите на нејзиниот поранешен партнер Орце, но таа гледа само напред. И кога е кариерата во прашање, но и во приватноста која неретко ја споделува на социјалните мрежи, особено покажувајќи ја „новата Ирена“, видно ослабена, разубавена, стегната, стокмена, поборник на здрав живот и физичка активност… Од теретана до кафеана, Ирена знае и умее како да го нивелира животот во кој музиката и карерата се она што значи љубов и егзистенција, но она што и значи „се’“ е таа – нејзината ќерка Тамара.

Крвта не е вода, а гените се пренесуваат од генерација на генерација, од поколение на поколение, па така оние на фолкерката ги има наследено и нејзината ќерка. Тамара, како и мама, е вистинска убавица. Ирена оддамна вели дека нејзината ќерка е многу музикална, па ако до сега не видовме и слушнавме дека тргнала по нејзините стапки, можеби наскоро ќе го стори тоа.

Патем, она што на прв поглед може да се забележи е тоа дека Тамара и во ликот и во телесната градба многу наликува на мајка си, со која сега се како две најдобри другарки. Таа и е најдобро друштво, а со најсаканата личност и кафенцето и муабетот се најслатки.

Но, она што е  уште повоочливо е дека не само во изгледот, туку и во имиџот Тамара ја следи мајка си.

Имено, според некои фотографии кои фолкерката ги сподели на своите профили социјалните мрежи, може да се забележи дека тие имаат и сличен стил на облекување, слични фустани од црна тантела, ама и иста – руса боја на косата.

„Тами и мами“ – пресликани дами!

Со други зборови, Тамара е своевиден „копи – пејст“ на Ирена. Или што би рекол народот, каква мајка, таква ќерка! Барем физички… За карактерот, табиетот и уметничката дарба на наследничката, јавноста допрва ќе се дознае!