Каква новогодишна одлука треба да донесе секој хороскопски знак за 2022?

|

На прагот на новата година правиме ретроспекции и интроспекции пред да ја посакаме желбата за следната година.

Што направивме, што постигнавме, дали сме среќни, задоволни, исполнети, сакани, дали, колку и кого сакаме?

Потоа ги носиме новогодишните одлуки: ќе почнам да штедам, ќе вежбам повеќе, ќе ги оставам цигарите, ќе патувам повеќе, ќе побарам нова работа, ќе се оженам, ќе запишам факултет…

Изминативе две години беа особено тешки и секој од нас барем малку повеќе посвети внимание на своето здравје. Додека светот се подготвува да се врати „во нормала“, надевајќи се дека пандемијата наскоро ќе биде зад нас, размислете што сакате да си посакате. Според карактеристиките на хороскопските знаци, ова се општите новогодишни одлуки што треба да ги донесете за да најдете баланс во животот и да бидете посреќни во новата година:

Овен

Годинава ќе посветувам повеќе внимание на луѓето и нештата околу мене, ќе внимавам на трошењето пари и ќе ги завршувам започнатите работи. Ќе барам помалку и помалку ќе се расправам.

Бик

Ќе се потрудам да усвојувам повеќе промени и новитети, да имам повеќе самодоверба и да ги слушам другите околу мене. Помалку изговори и помалку самосожалување.

Близнаци

Повеќе ќе се фокусирам на квалитетот на работите што ги извршувам и ќе дозволам луѓето да ми се доближат. Помалку ќе ги осудувам другите околу себе и нема така лесно да ги исфрлам од животот.

Рак

Ќе научам да ги прифатам работите што не можам да ги сменам и ќе бидам поголем оптимист. Помалку ќе се мачам и оптоварувам со тоа што прават другите луѓе.

Лав

Ќе научам вистински да верувам во моите способности и да се тргнам подалеку од лоши влијанија. Помалку секирање, тоа носи само стрес.

Девица

Почесто вербално ќе се изразувам и ќе бидам упорен/упорна во проектите што ги почнувам. Ќе научам дека не може да имам контрола врз нештата врз кои не можам да влијаам и тоа е во ред.

Вага

Повеќе ќе се фокусирам на решавање на сопствените проблеми и ситуации бидејќи често го ставам тоа во втор план. Нема да се плашам да кажам „не“.

Скорпија

Ќе научам да имам повеќе разбирање пред да донесам голема одлука. Ќе се потрудам да бидам поотворен/а кога се работи за моите проблеми за да дозволам некој да ми помогне.

Стрелец

Ќе водам повеќе сметка за туѓите чувства (Вие не сте нечувствителни, се грижите за луѓето, само имате проблем со покажување на емоциите). Ќе научам да не бидам многу груб/а кога го искажувам својот став.

Јарец

Ќе се обидам да заборавам на повредените чувства, знам дека ќе биде подобро гледано долгорочно. Помалку ќе се сомневам во себе и нема да се плашам дека сите сакаат да ме повредат.

Водолија

Ќе научам да прифатам помош кога тоа ми е потребно, особено од блиските и саканите. Помалку ќе им пркосам на луѓето кога нема да биде по мое.

Риби

Ќе научам трпеливост кога другите не ме разбираат. Помалку ќе се плашам од осаменоста, знам дека оние на кои им значам секогаш ќе бидат тука.