Во животот сигурно сте слушнале за трагачи по богатство, кои целиот живот го осветуваат на трагање и откопување на богатство и скапоцени камења, како и руда. Ова е една од тие приказни! Приказна за која ќе речете дека оваа пасија навистина им го променила животот на неколкумина луѓе, кои се збогувале со финансиските проблеми за цел живот… вистински среќници!
Имено, копачи од Австралија, за рок од само неколку часа пронајдоа две огромни грутки злато во вредност од безмалку 200.000 евра. Грутките со вкупна тежина од 3,5 килограми се пронајдени во еден ден во близина на рударскиот град Тарнагула во сојузната држава Викторија.
Среќниците, Брент Шенон и неговите роднини Пол и Итан Вест по неколкумесечно чекање за дозвола, почнале да копаат во подрачје што дотогаш не било истражувано и секако чекањето им се исплатило.
Според познавачи, грутките би можеле да достигнат и до 30 отсто поголема цена ако некој колекционер се заинтересира за нив.
Најголемата грутка злато што досега е откриена е онаа од јануари 2013 година. Тежеше 5,5 килограми и беше пронајдена близу Баларат, на еден час возење од Тарнагула.